Дома Фудбал Откриено зошто судијата на натпреварот побарал автограм од Халанд

Откриено зошто судијата на натпреварот побарал автограм од Халанд

После натпреварот одигран во вторникот помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити многу се пишуваше за судијата кој побара автограм од Ерлинг Халанд.

Романецот, Октавијан Шовре беше асистент во натпреварот, а се најде во центарот на вниманието кога на крајот од натпреварот помеѓу Сити и Борусија Дортмунд побара автограм од Халанд.

Навистина е реткост еден судија да побара автограм од фудбалер, сега е откриена и причината за неговиот потег.

Имено, Шовре долги години помага во центар за деца и возрасни со тешки форми на аутзам во регионот Бихор во Романија. Автограмот тој го земал со цел да го продаде на аукција и парите да ги донира во центарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да го врзе Нгумоха: И младиот талент е за останување

Рио Нгумоха е задоволен на „Енфилд“, а според Пит О’Рурк, постои заемна желба за нов долго…