Дома Фудбал Откриено: Еве како Рамос ја „уништи“ Шпанија при пеналот на Роналдо (ВИДЕО)

Откриено: Еве како Рамос ја „уништи“ Шпанија при пеналот на Роналдо (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија ремизираше во петокот против Португалија во фантастичниот натпревар кој заврши со резултат 3:3.

„Црвената фурија“ на двапати направи пресврт против Португалија и водеше со 3:2, но Кристијано Роналдо со гол во последните минути и донесе бод на својата селекција. Роналдо таа вечер беше фантастичен бидејќи запиша хет-трик.

Португалија во предност дојде на самиот почеток на мечот кога сигурен од белата точка беше еден од најдобрите играчи на светот. Неговиот соиграч од Реал Мадрид, Серхио Рамос, го советуваше Де Геа што треба да направи, но подобро да не го стореше тоа.

Рамос на Де Геа му порача да се фрли на својата десна страна, бидејќи беше сигурен дека Роналдо ќе шутира раму. Сепак, Португалецот го направи спротивното, па ја затресе мрежата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…