Дома Фудбал Германија Откако остана без Златната топка Левандовски синоќа доживеа уште едно разочарување

Откако остана без Златната топка Левандовски синоќа доживеа уште едно разочарување

Роберт Левандовски со 51 постигнат погодок игра фантастична сезона, но на крајот може да испадне како најголем губитник во време на коронавирусот.

Левадовски беше прв фаворит за освојување на Златната топка, но одлуката на Франс Фудбал оваа сезона да не ја додели престижната награда ги згасна сите надежи на искусниот напаѓач.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Синоќа напаѓачот на Баерн Минхен доживеа дополнително разочарување бидејќи и дефинитивно ќе остане без Златната копачка која најверојатно ќе му припадне на Чиро Имобиле.

Имобиле против Бреша го постигна својот 35. погодок во Серија А, додека Левановски сезоната во Бундеслигата ја заврши со 34. погодоци.

Фудбалерот на Лацио може да го стигне само Кристијано Роналдо кој против Рома треба да постигне дури четири погодоц, што со оглед на моменталната форма на Јувентус се чини невозможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн наредната сезона ќе го слави 125. роденден – „Адидас“ спреми специјален дрес

Во наредната сезона Баерн Минхен ќе го прослави својот 125. Роденден и по тој повод „Адида…