Дома Трансфер зона Отворена понуда за Балотели: Ќе има ли срце да ја одбие?

Отворена понуда за Балотели: Ќе има ли срце да ја одбие?

Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели на крајот од наредниот месец ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Ница.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели одлучи да не ја продолжи соработка со францускиот клуби и изрази желба да се врати во Италија. Поранешниот напаѓач на Милан во последно време се поврзуваше со Рома и Наполи, а сега на негова адреса стигна една интересна понуда.

Имено, капитенот на Парма, Алесандро Лукарели, отворено го повика Балотели да дојде во овој клуб кој после неколку години се врати во Серија А. Да потсетиме, Парма беше исфрлена во Серија Д.

„Парма е совршено место за некој кој мисли само на фудбал. Зборувавме и му кажав дека ќе го сакаат и почитуваат тука. Неговиот квалитет не се доведува во прашање, негова единствена мана е однесувањето. Балотели нема да погреши доколку го избере нашиот клуб“, изјави Лукарели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…