Додека траеше карантинот македонските репрезентативци имаа вклучување во живо на Инстаграм така во едно вклучување помеѓу Несторовски и Бобан Николов, Николов најави дека би можел да игра во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дали беше на шега или не не можеме да кажеме но тогаш Николов на прашањето за преселба во Серија А на Нестор му кажа: „Чекам Пандев да заврши работа за Џенова. Нема кој да му асистира“,
Денес унгарските медиуми пишуваат за нешто слично. Наводно Џенова ја следи ситуацијата со Николов и по препорака на Пандев би можела да го доведе.
Ако овој трансфер се случи тогаш Николов и Пандев веројатно ќе играат заеедно затоа што се најавува дека Пандев и наредната сезона сигурно ќе остане во Џенова.