Ол-Стар натпреварот во Чикаго беше од егзибициски карактер се до последната четвртина кога беше видена борба како во официјален натпревар. На крајот победи тимот на Леброн со резултат 157:155.
Екипата која ја состави Јанис изгледаше подобро во првите три четвртина меѓутоа поради новиот формат во чест на Коби одлучувачката четвртина беше спектауларна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првите три започнуваа со резултат 0:0 и изгледаше дека тимот на Јанис ќе триумфира бидејќи во еден момент имаа и +17 (106:89), а во последната четвртина влегоа со предност од девет поени. Резултатот беше 133:124 и според новиот формат на поените на тимот на Јанис се додадоа 24 и за некој да победи во натпреварот потребно беше да се стигне до 157 поени.
Во последната четвртина видовме голема борба и тимот на Леброн успеа да направи пресврт и да слави со 157:155.
За МВП на натпреварот беше избран Каваи Ленард кој натпреварот го заврши со 30 поени. Одличниот кошаркар влезе во историјата како првиот кој ја добил наградата „Коби Брајант“.
Антетокумпо беше најефикасен во својот тим со 30 поени. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со осум поени, додека Јокиќ запиша пет.