Со денови наназад летово се шпекулира за иднината на Кристијано Роналдо.
Португалецот сака да замине од Манчестер Јунајтед, но не може да пронајде адекватна понуда. Со името на Роналдо се поврзуваа повеќе клубови, еден од нив беше и Баерн Минхен, но од германскиот клуб неколку пати веќе ги демантираа тие информации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оливер Кан сега истакна дека Роналдо не се вклопува во филозофијата на Баерн Минхен.
„Разговаравме за Роналдо, за мене тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Сепак и покрај тоа што многу го цениме заклучивме дека во овој момент не се вклопува во нашата филозофија“, изјави Кан.