Дома Фудбал Од ПСВ потврдија: Гакпо сонуваше за Јунајтед…

Од ПСВ потврдија: Гакпо сонуваше за Јунајтед…

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Руд Ван Нистерлој откри дека Коди Гакпо сонувал да го облече дресот на Јунајтед, меѓутоа на крајот завршил во Ливерпул.

Во јануари по завршувањето на Светското првенсто Гакпо го напушти ПСВ каде што играше одличен фудбал, а во Ливерпул како да се вклопи во сивилото на целиот тим.

Сега Ван Нистерлој откри дека Гакпо сонувал да го облече дресот на ривалот на „црвените“.

„Неговиот сон беше да игра за Јунајтед, меѓутоа тие не испратија понуда. Мојот совет беше да почека до лето, но одби да ме послуша и по разговорот со Ван Дајк премина во Ливерпул. Ми кажа дека сака да направи трансфер во странство во јануари“, изјави Ван Нистерлој.

Дека Гакпо избрза со одлуката смета и искусниот стратег Роналд Куман (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис играше со Барселона, маскирани крадци влегоа во домот на Парот

Тројца маскирани мажи провалиле во домот на Трој Парот, но не однеле ништо. Тоа е петти ва…