Дома Топ вести Од повеќе страни пристигнува иста вест: Елмас е на листата желби на Реал Мадрид!

Од повеќе страни пристигнува иста вест: Елмас е на листата желби на Реал Мадрид!

0

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас го носи дресот на Фенербахче на кој оваа сезона не му оди, но Елмас може да биде среќен затоа што за него се заинтересирани најголемите европски клубови.

Да, кога ќе кажеме најголемите не претеруваме затоа што сега за него после Тотенхем, Манчестер Сити, Арсенал…Интерес покажува и Реал Мадрид!

Веста не доаѓа од еден медиум голем број медиуми во Шпанија помеѓу кои се и најголемите како маритскиот „АС“ тврдат дека Елмас е еден од приоритетите на Флорентино Перез за летниот преоден.

Се наведува и дека разговорите помеѓу клубовите веќе се започнати и дека се чека „зелено светло“ од старо-новиот тренер на „кралевите“, Зинедин Зидан.

Еден од условите Зидан да се врати во Реал Мадрид бил тоа никој да не му се меша во работата и преодните рокови. Сега, Перез му доставил листа на Зидан со млади преспективни играчи кои би можеле да бидат иднината на Реал Мадрид, а на крајот Зидан ќе одлучи кој ќе бидат ангажирани.

На таа листа Елмас котирал доста високо и ако им веруваме на шпанските медиуми се очекува и Зидан да даде „зелено светло“ за трансферот.

Елиф Елмас во редовите на Фенербахче пристигна во август 2017 година и од него сигурно добро ќе заработат. Сумата која во овој момент се споменува за потенцијалниот трансфер на Елмас изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Почина легендарниот Ники Лауда!

Легендата на Формула 1, Ники Лауда почина на 70 годишна возраст после неколку месеци борба…