Дома Фудбал Од Островот најавуваат: Џон Тери може да се врати во Челзи

Од Островот најавуваат: Џон Тери може да се врати во Челзи

Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери би можел да се врати во овој клуб.

Откако ја одби опцијата да премине во екипата на Спартак Москва, изгледа легендарниот стопер на „сините“ има намера да ја заврши играчката кариера.

Англиските медиуми пренесуваат дека тоа би требало да значи дека наскоро ќе се врати во Челзи, но како еден од тренерите во клубот. Имено, тој би требало да ја превземе функцијата тренер на тимот на „сините“ до 23 години откако Џоди Морис се приклучи на Френк Лампард во Дерби Каунти.

Да потсетиме пред неколку дена по повод овие најави се огласи тренерот на сениорскиот тим на Челзи, Маурицио Сари кој потенцираше дека Тери е добродојден во клубот.

Истиот извор пренесува дека Тери на новата функција во Челзи би добивал плата од 800.000 фунти годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мора и Мален ја кренаа Рома: Каљари падна за две минути

Каљари израмни во 81. минута, но Мора и Мален експресно одговорија за победа на Рома од 4:…