Дома Фудбал Од непријатели до најголеми сојузници: Ништо не ги обединило Барса и Реал како Суперлигата

Од непријатели до најголеми сојузници: Ништо не ги обединило Барса и Реал како Суперлигата

Очигледно ништо подобро не може да ги смири луѓето како што се парите, а тоа го покажува односот меѓу двата најголеми шпански тимови, Барселона и Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата гиганти ја бранат идејата за создавање на Суперлига погласно од било кој од останатите клубови кои сакаа да го реализираат овој проект.

„Суперлигата ни е потребна, но последниот збор ќе го имаат навивачите“, вели Жоан Лапорта.

Суперлигата требаше да биде составена од 20 тимови, а секој од нив требаше да добие по 300 милиони евра, додека Реал и Барселона по дополнителни 60 милиони евра.

Затоа и Флорентино Перез не се откажува и вели дека проекетот ќе се реализира без разлика на тоа што бил запрен.

„Лапорта знае дека Суперлигата е најдобро решение затоа што им го враќа интересот на луѓето во фудбалот и како последица ќе донесе приходи. Ваквата состојба не е одржлива за сите“, вели Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Татко на млада ѕвезда јавно го критикуваше селекторот: Мојот син е подобар од сите што си ги повикал!

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте избра 26 играчи на кои се потпира за време на Светско…