Дома Трансфер зона Од Барселона потврдија: Не преговараме со Јувентус, замената за Иниеста ја обезбедивме уште во март!

Од Барселона потврдија: Не преговараме со Јувентус, замената за Иниеста ја обезбедивме уште во март!

Спортскиот директор на Барселона, Ариедо Браида, ги демантираше информациите дека каталонскиот клуб преговара со Јувентус за трансфер на Миралем Пјаниќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно Барса после заминувањето на Андрес Иниеста во Јапонија е во потрага по играч кој ќе го замени, а Пјаниќ се споменуваше како еден од најсериозните кандидати.

Сепак, според зборовите на Браида клубот уште во март ја обезбедил замената за Иниеста, а тоа е Бразилецот, Артур.

„Нема никакви преговори, не сме заинтересирани за Пјаниќ. Тој е добар играч, но сега имаме Бразилец кој ќе ја превземе улогата на Иниеста. Постојат луѓе во Барселона кои ја следат ситуацијата на трансфер пазарот и знаеме дека Пјаниќ не е во нивните планови“, јасно порача Браида.

Пјаниќ освен за Јувентус во текот на кариерата настапуваше за Мец, Олимпик Лион и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…