Дома Фудбал Италија Одржан состанок: Јувентус блиску до ангажман на наследникот на Алегри?! (ФОТО)

Одржан состанок: Јувентус блиску до ангажман на наследникот на Алегри?! (ФОТО)

Управата на Јувентус е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека Масимилијано Алегри заминува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изминатите пет години „старата дама“ под водство на Алегри освои многу трофеј, но за да се направи исчекор на европската сцена донесена е одлука да се раскине соработката помеѓу двете страни.

Официјалната објава на таквите информации дополнителни ги интезивираа гласините за тоа кој би можел да ја води „старата дама“ следната сезона. Кандидати има прилично многу, а најголеми шанси наводно има тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино.

Во прилог на тоа одат и најавите дека денес во еден хотел во Милано одржан е состанок помеѓу директорот Фабио Партичи и Франк Тримболи, кој е претставник на менаџерот на Тотенхем. Италијаните пишуваат дека Аргентинецот се согласил да го води Јувентус ов следната сезона и дека тоа му го кажал на претседателот

Во овој момент проблем за Јувентус претставува што Леви е познат како тврде преговарач. Јувентус наводно е спремен да плати дел од клазулата.
Покетинот така преку ноќ стана најсериозен кандидат откако претходно се пишуваше за Антонио Конте, Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Синиша Михајловиќ, Симоне Инзаги…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светското првенство 2026. го постави новиот рекорд. Најпосетено во историјата

СВЕТСКОТО првенство во фудбал кое се одржува во САД, Мексико и Канада, влезе во историјата…