Дома Фудбал Италија Одлична вест од Италија: Палермо се враќа во професионалниот фудбал!

Одлична вест од Италија: Палермо се враќа во професионалниот фудбал!

Палермо е првиот фудбалски клуб основан на Сицилија и југот на Италија воопшто. Што повеќе тој е седмиот најстар и активен клуб во Италија.

Без оглед што не спаѓа во групата на италијански гиганти, Палермо без дилеми е еден од симболите на италијанскиот клупски фудбал. Изминатиот период Палермо нема да го памети по добро.

Поради финансиски неправилности и уште некои пропусти Палермо по завршувањето на минатата сезона во Серија Б беше исфрлен од професионалниот фудбал и растурен.

Сепак, брзо Палермо се „подигна од пепелот“ и се врати, не како Уноне Спортива ди Палермо, туку како Сосиета Спортива Диетанстика Палермо и се приклучи на Серија Д.

Сега за ССД Палермо пристигнуваа одлични вести.

Во текот на вчерашниот состанок, соопштеное дека Серија Д е суспендирана поради коронавирусот и сезоната нема да се продолжи. Организацијата на аматерски лиги одлучи да ја заврши сезоната и актуелната ситуација на табелата да се смета за конечна.

Сега се чека оваа одлука да ја потврдат и повисоките органи, но тоа би требало да биде само формланост. Накратко – Палермо се враќа во професионалниот фудбал! Наредната сезона овој клуб ќе игра во Серија Ц.

Пред прекинот на првенството овој клуб беше на првото место во групата 1 од Серија Д со седум бодови предност во однос на второпласираниот тим.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо со новата фризура разбуди носталгија кај навивачите на Манчестер Јунајтед (ФОТО)

Кристиано Роналдо вчера на социјалните мрежи ја покажа неговата нова фризура. Португалецот…