Викендов ќе започне новата сезона во ПМФЛ, а на стартот од сезоната фудбалерите ќе мораат да се соочат со пеколното време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Температурите овие денови не се спуштаат под 40 степени, па тоа сигурно дека е проблем за фудбалерите. Меѓутоа Академија Пандев си ја олесни задачата со тоа што ќе ја пречека Струга Трим Лум во вечерен термин.
Познато е дека кај нас вечерните термини се реткост, но сега „Пандевци“ место на нивниот спортски комплекс ќе ја пречекаат Струга „под рефлектори“ на „Благој Истатов“.
Натпреварот ќе се игра со почеток во 20:00 часот, а останатите дуели остануваат во предвидениот термин од 17:30 кога температурите се очекува да видат непогодни за фудбалски натпревар.