Дома Фудбал Одбиена жалбата на Барса, Левандовски суспендиран три меча

Одбиена жалбата на Барса, Левандовски суспендиран три меча

Барселона ќе биде без Роберт Левандовски во следните три кола во Примера, откако неговата суспензија беше потврдена по неуспешната жалба на каталонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, поради црвениот картон добиен на последниот меч пред паузата, Левандовски првично беше суспендиран на три натпревари, а потоа ден пред мечот со Еспањол суспензијата му беше привремено одложена додека Арбитражниот суд за спорт не направи конечна одлука.

Барса ја искористи можноста за жалба за да му дозволи на Левандовски да игра против Еспањол минатиот викенд.

Шпанскиот административен спортски суд ја одби жалбата, па сега Левандовски нема да може да игра во следните три меча. Тоа значи дека ќе ги пропушти неделното дерби со Атлетико во Мадрид, а потоа и натпревцарите со Гетафе и Џирона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид бара одземање титули на Барселона и исклучување од УЕФА!

Реал Мадрид од Европската фудбалска федерација (УЕФА) бара одземање на трофеите поради слу…