Дисциплинската комисија на УЕФА ја одби жалбата на Баерн Минхен за суспензијата на Томас Милер во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Милер доби црвен картон на мечот протув Ајакс, во последното коло од групната фаза, па доби два меча суспензија.
Баварциет ја обжалија таа одлука со надеж казната да биде намалена на еден меч, но УЕФА денес ја потврди суспензијата од два натпревари.
Тоа значи дека Милер дефинитивно ќе ги пропушти двата натпревари против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Баерн ќе гостува на „Енфилд“ на 19 февруари, а реваншот ќе го игра на домашен терен на 13 март.