Давид Жинола, поранешен фудбалер на Тотенхем со пофални зборови зборуваше за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговите пофалби одеа толку далеку што го спореди Кејн со славниот Диего Армандо Марадона.




„Кејн е новиот плејмејкер во Тотенхем. Тој е како Марадона, може да се врати на теренот, да разигрува со долги и кратки топки, да дели асистенции и да постигнува голови. Не беше таков во претходните сезони, ова е некој нов Кејн и многу ми се допаѓа“, изјави Жинола.




На последните пет натпревари Кејн игра во одлична форма и успеа да постигне три гола и да забележи три асистенции.