Дома Фудбал Лига на шампиони Овој податок најдобро ја покажува кризата на Реал во Лигата на шампионите

Овој податок најдобро ја покажува кризата на Реал во Лигата на шампионите

0

Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да го запре проклетството кое во Европа ги следи од 23-ти октомври 2018 година.

Од овој датум до денес „кралевите“ не знаат за победа во европски натпревар на „Бернабеу“. Од тој ден Реал со Лопетеги кој ќе доби отказ натпревар подоцна после поразот од Барса од 5:1 на „Ноу Камп“ едвај ја победи Викторија Плзен со 2:1. Од тогаш одиграле три натпревари на домашен терен во Европа и не оствариле ниту една победа.

Прво ЦСКА Москва кога беше тренер Солари го победи Реал со 3:0. Три месеци подоцна Ајакс беше гостин на „Брнабеу“ во натпревар во кој Реал влезе со предност од 1:2 од натпреварот во Амстердам. „Кралевите“ тој натпревар на домашен терен го изгубија со 1:4.

Трет пат Реал пропушти да слави пред своите навивачи оваа година кога со Клуб Бриж одигра 2:2.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Елмас пред Австрија доби лоши вести: Наполи ќе го казни!

Непосредно пред вечерашниот натпревар против Австрија Наполи соопшти дека Елиф Елмас ќе би…