Во италијанската Серија А работат неколку големи тренерски имиња, но нивните услуги секако е потребно добро да се платат.
Антонио Конте ова лето го превзема Интер, а токму 50 годишниот Италијанец се наоѓа на врвот на листата најплатени тренери со годишна плата од дури 11 милиони евра.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Маурицио Сари кој оваа сезона се врати во Италија и го превзема Јувентус се наоѓа веднаш зад Конте со годишна плата од 5.5 милиони евра, што е двојно помалку од тренерот на „нероаѕурите“.
На третото место е стратегот на Наполи, Карло Анчелоти кој заработува нешто помалку од Сари и неговата плата е пет милиони евра.
На дното на оваа листа се наоѓаат двајца Хрвати. Иван Јуриќ кој ја води Верона добива 600.000 евра и тренерот на Несторовски во Удинезе, Игор Тудор има годишна плата од 500.000 евра.
Antonio Conte largement en tête devant Sarri et Ancelotti !
— Goal France ?? (@GoalFrance) September 11, 2019
Voici le classement des entraîneurs les mieux payés par an en Serie A ??
(source ?️ : @Gazzetta_it) pic.twitter.com/gOpRIQBDa6