Дома Фудбал Останато Ова се момците на иднината: Топ 10 млади фудбалери со најдобра статистика

Ова се момците на иднината: Топ 10 млади фудбалери со најдобра статистика

mbappe

Се сметаат фудбалерите од најсилните пет лиги со најмалку 20 натпревари во текот на сезоната.

„WhoScored“, еден од најпознатите сајтови за водење статистика во најсилните пет европски лиги одлучи да се позанимава со бројките на најдобрите млаи играчи на „Стариот континент“. Во предвид се земени само фудбалерите кои оваа сезона запишаа барем 20 настапи за тимовите во најсилните првенства во Европа.

10. Јусеф Ен-Несири (Леганес) – оценка 7.08

На десеттата позиција се најде Јусеф Ен-Несири кој оваа сезона го носи дресот на шпанскиот прволигаш Леганес. Овој играч доби просечна оценка 7.08 и нема соменвање дека за него ќе владее интерес во летниот преоден рок. Веќе успеа да постигне двојно повеќе голови во однос на претходната. Покрај осумте погодоци, запиша и две асистенции. Вниманието на спортската јавност го привлече со хет-трикот против Бетис.

9. Кај Хаверц (Баер Леверкузен) – 7.13

Деветтата позиција му припадна на Германецот – Кај Хаверц. Сезоната не започна добро за него бидејќи во главно стартуваше од клупата, меѓутоа во последните два месеци тој е еден од клучните играчи на Баер Леверкузен. Веројатно му годеше и тренерската промена, па Германецот во последните седум натпревар постигна дури пет погодоци. За работата да биде поинтересна претходно на 16 постигна само четири. Ќе видиме дали може да ја задржи сегашната форма до крајот на сезоната, ако тоа се случи нема соменвање дека европските гиганти ќе тропнат на вратата на Леверкузен.

8. Федерико Киеза (Фиорентина) – 7.14

Местото погоре му припадна на Федерико Киеза од Фиорентина. Играчот на Фиорентина ќе мора да поработи на самодовербата ко сака да се пробие во самиот врв на европскиот фудбал – изгледа неверојатно податокот дека упати дури 104 голови кон противничкот гол, а само пет пати ја затресе мрежата. Претходната сезона постигна шест голови и сега е блиску да го изедначи тој учинок.

7. Кристијан Куама (Џенова) – 7.15

На седмото место е уште еден играч од Серија – Кристијан Куама. Ова момче од Брегот на Слоновата Коска игра маестрално во првиот дел од сезоната и беше едно од откритијата во тандем со Криштоф Пјонтек. Како што наведуваат медиумите, веќе е договорен негов трансфер во Наполи, а Џенова како оштета ќе инкасира 20 милиони евра. Иако постигна само четири гола, препознатлив е како играч кој има голема брзина, а над него се направени дури 55 прекршоци оваа сезона што го става на врвот на таа листа во топ пет првенства.

6. Лука Јовиќ (Ајнтрахт Франкфурт) – 7.21

На ред доаѓа Лука Јовиќ. Српскиот напаѓа не престанува да ги полни страниците на европските медиуми и се поврзува со најголемите клубови (Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити…). Се тврдеше дека има договорен трансфер во Барселона, но таквите информации не се потврдени. Се уште се води како позајмен фудбалер од редовите на Бенфика, но никој не се сомнева дека Ајнтрахт ќе го откупи неговиот договор. Покрај 15-те голови во Бундес лигата, Јовиќ зад своето име има и пет асистенции.

5. Арон Ван Бисака (Кристал Палас) -7.23

Веднаш над Лука Јовиќ се наоѓа Арона Ван Бисака фудбалер кој е добро познат на оние кои го имаат во својот тим на „Фантаси Фудбал“ . На почетокот на сезоната оние кои го ставија во својот тим не очекуваа ништо повеќе од тоа да им го пополни местото на клупата. Меѓутоа овој човек под водство на Рој Хоџсон игра фантастично. Тој е вистински лидер на одбраната на тимот од „Селхуст Парк“, а се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Сити и таков трансфер воопшто не би бил изненадувачки. Оваа сезона напаѓачите само седум пати успеале да го поминат.

4. Алан Сен Максиман (Ница) – 7.25

Четврото место не води во Франција, а причината Алан Сен Максиман. Под водство на Патрик Виера успеа да постигне шест голови и да забележи две асистенции во досегашниот дел од сезоната. Сепак, тој е најпознат по одличните дриблинзи и потребен му е само уште еден за да дојде до троцифрен број оваа сезона.

3. Осман Дембеле

На најниското место на пиедесталот се најде Дембеле. Многумина го оспоруваа неговиот трансфер во Барселона, но изгледа погрешија. Талентираниот Французин учествуваше во 12 голови на 22 натпревари, а обично погодува кога е најпотребно. Во тековната сезона со своите голови на Барселона и донесе седум бодови, а токму толку изнесува разликата помеѓу првите два тима на првенствената табела.

2. Џадон Санчо (Борусија Дортмунд) – 7.53

Второто место му припадна на чудесниот Џадон Санчо. Одлуката да го напушти Манчестер Сити за овој фудбалер се покажа како полн погодок. Иако е само тинејџер Санчо „жари и пали“ во Бундес лигата – учествуваше во 18 голови во 23 натпревари и еден од двајцата играчи кои имаат повеќе од десет асистенции оваа сезона во Бундес лигата. Најдоброто од него допрва се очекува…

1.Килијан Мбапе

И не беше тешко да се погоди на врвот се најде неверојатниот Мбапе. Мбапе нема ниту 21 година, а неговите настапи веќе се споредуваат со оние на Роналдо и Меси. Постигна 22 гола и забележи шест асистенции во досегашниот дел од Лига 1 во Франција, а само Меси и Нејмар имаат подобра статистичка оценка од него во тековната година. Секогаш кога е тој во прашање се поставува прашањето – што ли уште да очекуваме во наредните сезони? Неговото време доаѓа…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Албанец од Струга го поминал детството со Ибрахимовиќ: Беше лошо дете, јадеше кај нас (ВИДЕО)

Албанецот, Ади Хоџа од Струга откри дека во своето детство растел заедно со една од најгол…