Интересен статистички податок. Репрезентацијата на Аргентина денес го игра осминафиналниот меч во рамки на Мундијалот во Русија, а противници на „Гаучосите“ ќе бидат Французите.
Аргентина со неверојатна среќа успеа да се пласира во осминафиналето, но веќе денес ги очекува пресметка со Франција која е една од најголемите фаворити за освојување на СП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите во Аргентина денес открија интересна статистика, што се однесува до мечот кој „Гаучосите“ го играат на денешниот датум. Имено, изминатите три натпревари кои Аргентина ги играше на 30. јуни на светските првенства се завршени дури по изведување на пенали.
Сигурно денес од 16 часот, не очекува уште еден спектакл на Мундијалот во Русија, а јасно е дека љубителите на фудбалот не би имале ништо против и денешната средба да биде решена по пенал рулет партија.