Дома Останати Кошарка Ова не го очекуваа: Јокиќ повторно ги шокира Србите?

Ова не го очекуваа: Јокиќ повторно ги шокира Србите?

Сезоната за Денвер во НБА лигата заврши со елиминрацијата во полуфиналната серија против Минесота на Западот.

Минесота успеа да слави во „мајсторката“ на гостински терен и така со вкупни 4:3 во серијата да закаже конференциско финале против Далас кој претходно со 4:2 ја елиминираше Оклахома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот на Денвер, Никола Јокиќ од новинарите доби прашање и за неговиот настап со Србија на Летните олимписки игри кои летово ќе се играат во Париз.

Јокиќ е веројатно најдобриот кошаркар во светот, но минатата година Србија мораше да биде без него на Светското првенство бидејќи одлучи во текот на летото да се одмори.

Сега слична би можела да биде и ситуацијата со ЛОИ во Париз.

На новинарското прашање, Јокиќ кратко одговори:

„Не знам, ќе видиме мораме да размислам“.

Секако ваквиот негов одговор предизвикува загриженост во српската кошаркарска јавноста дека на уште еден голем настан ќе бидат без неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уапсен братот на Никола Јокиќ

Страхиња Јокиќ, брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е уапсен во САД поради напад на на…