Дома Фудбал Лига на шампиони Ова на Роналдо му се немаше случено цели 9 години!

Ова на Роналдо му се немаше случено цели 9 години!

Реал на крилата на невројатниот Серхио Рамос го победи Наполи со 3:1 и со вкупни 6:2 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Иако резултатот сугерира дека „кралевите“ без поголеми проблеми се пласираа во следната рунда, сепак не беше така. Наполитанците одиграа одличен меч, особено во првото полувреме покажаа дека го играат прекрасен фудбал, меѓутоа Рамос од „никаде“ му донесе победа на Реал.

Роналдо ни синоќа не беше меѓу стрелците, па сега можеме да кажеме дека Португалецот падна во, за него, загружувачки голгетерски пост.

Имено, мечот против Наполи бепе шести во низа во Лигата на шампиони на кој Роналдо не ја затресе противничката мрежа, а тоа му се намаше случено уште од 2008 година.

Ѕвездата на Реал имаше неколку шанси за гол синоќа, а најмногу ќе се памети онаа од првото полувреме кога наместо празниот гол Роналдо ја погоди стативата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…