Дома Топ вести Ова е жешкиот план на Перез: Заборавете ги Нејмар и Кејн, ова се новите „Галактикоси“

Ова е жешкиот план на Перез: Заборавете ги Нејмар и Кејн, ова се новите „Галактикоси“

zidane

Според пишувањата на медиумите од Шпанија, од следната сезона нема да гледаме големи промени во Реал Мадрид, но ќе дојдат неколку врвни фудбалери.

Наводно, Зинедин Зидан останува тренер, без разлика какви ќе бидат резултатите оваа сезона, додека деновите се изброени за Бензема, Иско и Бејл кои чекаат понуда од Манчестер Јунајтед. Неодамна беше објавено дека анонимна понуда од Кина за Бејл била прифатена и тоа во висина од 130 милиони евра, но изгледа дека од тоа нема ништо, а Манчестер Јунајтед би требало да понуди 90 милиони евра за репрезентативецот на Велс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид се сврте кон доведувањето на еден од двајцата играчи од Премиер лигата, а тоа се Азар и Салах. Тешко дека ќе дојдат до еден од споменатите двајца, но подготвени се да одвојат 200 милиони евра, па со самото тоа можеби и нема да биде невозможна мисија. Потстуваме, откупната клаузула за Салах е 230 милиони евра.

За десниот бек на Реал Сосиедад веќе се знае откупната клаузула, станува збор за Алваро Одриозола. Вредноста на споменатиот играч е 25 милиони евра, а 22-годишниот оваа сезона постигна еден гол и запиша четири асистенции на 35 одиграни натпревари за својот клуб. Во целата приказна се вклучува и Левандовски кој Реал Мадрид би го чинел повеќе од 100 милиони евра. Сосема сигурно е дека ќе гледаме еден нов Реал, со „Галактикоси“ во најава…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …