Сер Џим Ретклиф избираше меѓу Томас Тухел од една страна и Ерик тен Хаг од друга страна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На крајот се донесе одлука Тен Хаг да остане на кормилото на Манчестер Јунајтед, иако првично бил резервна опција, а Тухел имал предност.
Сопственикот на Манчестер Јунајтед го сакал Тухел и вечерал со него во Монако, но зделката не се остварила.
Очигледно е дека Тухел имал своја цена под која не сакаше да оди, а имајќи предвид дека и Ретклиф има свои принципи и не сакаше нов силен финансиски удар (не само поради платата на Тухел, која би била многу повисока од на Тен Хаг, туку и поради обештетувањето на Тен Хаг, на кого би требало да му плати околу 7 милиони евра за остатокот од договорот), одлучено е Холанѓанецот да остане на клупата уште најмалку една сезона.
Така, Тухел со одбиена понуда е единствената причина за останување на Тен Хаг и Холанѓанецот ќе добие нова шанса за подобри резултати.