Дома Фудбал Ова го можат само големите: Клоп заедно со навивачите го скандираше името на новиот тренер

Ова го можат само големите: Клоп заедно со навивачите го скандираше името на новиот тренер

Манчестер Сити ја одбрани титулата англиски шампион со два бода повеќе од Арсенал, а третопласираниот Ливерпул на „Енфилд“ го победи Вулверхемптон со 2:0, на последната средба каде Јирген Клоп го предводеше тимот, со головите на Алексис Мек Алистер во 34. минута и Џарел Куанса во 40. минута.

Клоп, кој според многумина е најголемиот тренер во историјата на Ливерпул, емотивно се прости од локалните навивачи. Над целата трибина пред натпреварот беа подигнати хартии на кои беше испишан натписот „Данке Јирген“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа го направи својот традиционален триумфален поздрав со Копот, пред најверните навивачи, а кога го држеше говорот, го предводеше скандирањето на името на Арне Слот, поранешниот тренер на холандски Феенорд кој ќе го наследи наредната сезона.

Играчите исто така беа многу емотивни. Вирџил ван Дијк заплака, како и Трент Александар-Арнолд. Играчот кој потекнува од клупската академија играше само за Клоп во својата сениорска клупска кариера и е еден од многуте играчи кои Германецот ги донесе на елитното ниво.

Клоп пристигна во Ливерпул во 2015 година. За време на неговиот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата во 2020 година, односно прва во англискиот шампионат од 1990 година, а во 2019 година и трофејот за освојувачот на Лигата на шампионите. Ливерпул таа година го освои најсилното европско клупско натпреварување за прв пат од 2005 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…