Дома Топ вести Ова би било потрес во шпанскиот фудбал: Барселона тргнува по еден од најбараните во Европа!

Ова би било потрес во шпанскиот фудбал: Барселона тргнува по еден од најбараните во Европа!

1

Еден од најбараните напаѓачи во овој преоден рок сигурно е Алваро Мората.

Милан, Севиља, Борусија Дортмунд, Баерн, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид…Сега и – Барселона!

Сите овие клубови се заинтересирани за доведување на Алваро Мората во јануарскиот преоден рок. Некои повеќе, некои помалку. Токму тоа го прави да биде еден од најбараните во Европа во овој преоден рок.

Останување во Челзи изгледа со сигурност не е опција. Шпанецот зад себе има неуспешен престој во Челзи од година ипол. Тогаш беше платен 66 милиони евра со бонуси со кои трансферот може да достигне 85 милиони евра. Никогаш не ја оправда таа сума. Во првата сезона постигна 15 голови на 48 натпревари, но не ги оправда очекувањата. Оваа сезона кај Сари е уште послаб и има девет погодоци на 24 натпревари.


Следете го Sportski.mk и на


Во Челзи не очекуваат многу кон Мората и се насочени кон доведување на нов напаѓач. Најмногу се споменува Гонзало Игуаин, како и Калум Вилсон. Сепак, менаџерот на Бурнемоут излезе со изјава дека нивниот напаѓач не е на продажба.

morata

Со Мората се поврзуваше Милан, се споменуваше размена со Игуаин, сепак од тоа нема да има ништо. Потоа Севиља постигна договор со играчот за позајмица, но наводно тука настанал проблем со оштетата која ја бара Челзи. Баерн се поврзува уште од лето, Борусија Дортмунд бараше напаѓач, па и тие наводно се распрашувале. Кризата во ефикасноста на „Бернабеу’ според дела од шпанските медиуми била причина и тие да размислуваат за враќање на Шпанецот…

На крајот денес Каталонски „Спорт“ открива дека во Барселона размислуваат за Мората и дека во тек се преговорите на двете управи на оваа тема.

Барса бара напаѓач бидејќи е загрижена поради ситуацијата со коленото на Луис Суарез и јасно им е дека Уругваецот не може да биде премногу оптеретен.

Каталонскиот клуб е спремен да го позајми Мората и да ја исплаќа платата на Шпанецот. Слични се понудите и од останатите заинтересирани клубови. Што ќе се случува останува времето да покаже.

Ваков трансфер сигурно би предизвикал потрес во шпанскиот фудбал бидејќи Алваро Мората е дете на најголемиот ривал на Барселона – Реал Мадрид! Освен тоа Мадрид е и негов роден град.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скаутите на Барселона вчера не патувале за „џабе“, мета не бил само Лука Јовиќ

Вчера Португалија и Србија одиграа натпревар во рамките од квалификациите за Европското пр…