Дома Тенис Објавени загрижувачки информации за Бекер од затворот

Објавени загрижувачки информации за Бекер од затворот

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Борис Бекер во април беше осуден на две ипол години затвор поради финансиски малверзации.

Бекер бил фатен како не плажа данок и поради тоа заврши зад решетки, а по шест месеци во затвор доаѓаат загрижувачки вести за неговата состојба.

Адвокатот на легендарниот тенисер Оливер Мозер за медиумите откри дека Бекер ослабел дури осум килограми.

„Нашиот клиент Бекер добро се држи ако земеме во предвид каде се наоѓа, но сепак ослабе осум килограми“, вели адвокатот.

Германските медиуми пишуваат дека Бекер е во посебна ќелија и се дружи со останатите затвореници меѓу кои е популарен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Фриц му дише во врат на Ѓоковиќ: Се вжештува битката за Торино

Тејлор Фриц се доближи на 105 бода до Новак Ѓоковиќ, кој во Базел брка финале за да го мин…