Дома Трансфер зона Обамејанг и уште три ѕвезди на Арсенал веќе ги спакуваа куферите

Обамејанг и уште три ѕвезди на Арсенал веќе ги спакуваа куферите

Многу големи ѕвезди на Арсенал сакаат да го напуштат клубот бидејќи не се задоволни од ситуацијата, пренесува британски „Индепендент“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истиот извор пишува дека помеѓу првите кои сакаат да си заминат е Пјер Емерик Обамејанг, но најголем проблем е што тоа сакаат да го направат и други првотимци.

После смената на тренерот играчите на Арсенал се свесни дека работите не одат во добра насока и сметаат дека клубот не е сериозен. Откако се најави дека Артета ќе биде нов тренер желба да си заминат покаѓале Озил, Лаказет и Џака.

Сите во Арсенал дојдоа со намера да се борат за трофеи, но „топџиите“ во овој момент се наоѓаат на 10-та позиција и тешко дека ќе изборат пласман во Лигата на шампиони.

Новиот тренер, Артета е спремен да се откаже од споменатите тројца фудбалери, но ќе направи се што е во негова моќ да го задржи Обмејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…