Дома Фудбал Репрезентации Ноер може да го пропушти натпреварот со Македонија

Ноер може да го пропушти натпреварот со Македонија

Првиот голман на германската репрезентација, Мануел Ноер би можел да ги пропушти натпреварите против Романија и Македонија во квалификациите за Светското првенство.

Германските медиуми објавија дека Ноер не го одработил првиот тренинг на собирот со репрезентацијата поради болка во десното колено која кај него е присутна подолго време. По деталните прегледи ќе биде познато дали Ноер ќе може да настапи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ако Ноер не може да настапи на голот на германската репрезентација ќе застане најверојатно Тер Штеген, трет голман е Лено. Германија во нашата група е лидер со 15 бода, Ерменија има 11, Романија 10, а ние сме четврти со 9 бода.

Натпреварот со Германија го играме на 11. октомври во понеделник со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…