Дома Фудбал Англија Нов удар за Клоп: Повторно остана без Мане

Нов удар за Клоп: Повторно остана без Мане

0

Лоша вест пристигна за Јирген Клоп и навивачите на Ливерпул. Садио Мане повторно заработи повреда играјќи за својата репрезентација.

Само што се опорави, Мане во петокот на обнови повредата на натпреварот со Јужна Африка, па во Ливерпул се врати порано од што беше предвидено.

Од Фудбалската федерација на Сенегал соопштија дека со заедничка одлука фудбалерот е вратен да се лекува во клубот.

Мане паузираше скоро еден месец поради повреда на тетивата, па ова сигурно ќе биде голем удар за Клоп бидејќи Сенегалецот е еден од најважните играчи на Ливерпул.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Уште една клупа останува празна: Нова оставка и покрај пласман на Мундијалот во Русија

Славољуб Муслин, како што е познато, не е единствениот кој успеа да се пласира на СП во Ру…