Дома Останати Кошарка НБА Нов трипл-дабл на Дончиќ за историја, Охриѓанецот Осман и Колинс ја срушија „големата тројка“!🎥

Нов трипл-дабл на Дончиќ за историја, Охриѓанецот Осман и Колинс ја срушија „големата тројка“!🎥

Девет натпревари беа одиграни изминатата вечер во НБА лигата, а чудесниот Словенец Лука Дончиќ повторно испиша историја.

На гости Далас славеше против Индијана со резултат 124:112, а и покрај проблемите со повредата поради која беше и во соблекувалната Дончиќ успеа да дојде до нов трипл-дабл.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мечот Словенецот го заврши со 13 поени, 12 асистенции и исто толку скокови. Со овој трипл-дабл Дончиќ стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој успеал да стигне до 30 трипл-дабл.

По бројот на поени најефикасени кај Далас беше Кристапс Порзингис со 27 поени и 13 скокови. Малком Брогдон со 25 и Домантас Сабонис со по 25 беа најефикасни кај домаќините.

Големата тројка на Нетси (Дурант – Харден – Ирвинг) го запиша првиот пораз во заеднички настап. Поразени беа од Кливленд после продолженија со 147:135. Ги уништи Колинс Секстон сој постигна 42 поени, Чеди Осман додаде 25, додека најефикасен кај Нетси беше Дурант со 38 поени и 12 скокови. Ирвинг имаше 37, а Харден натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок (21 поен, 12 асистенции, 10 скокови).

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бруклин 147:135 пп, Индијана – Далас 112:124, Филаделфија – Бостон 117:109, Атланта – Детроит 123:115, Торонто – Мајами 102:111, Минесота – Орландо 96:97, Хјустон – Феникс 103:109, Голден Стејт – Сан Антонио 121:99, ЛА Клиперси – Сакраменто 115:96.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…