Дома Останати Тенис Нов тежок удар за Ѓоковиќ: Нема да може да настапи и на Ролан Гарос!

Нов тежок удар за Ѓоковиќ: Нема да може да настапи и на Ролан Гарос!

Поранешната министерка за спорт на Франција, Роксана Марачинеау објави дека оваа земја го усвоила предлогот за задолжителна вакцинација за сите спортисти и актери на спортските терени.

Таа соопшти дека законот се уште не е прогласен, но дека наскоро тоа ќе се случи и ќе се бара задолжителна вакцинација за влез во јавни простории како стадион, театар, спортска сала…Нема да има исклучок како што имаше за странски државјани.

„Ќе работиме заедно за подобро здравје и ќе бидеме амбасадори на овие мерки на меѓународно ниво“, се наведува во соопштението.

Ова значи дека Ѓоковиќ нема да може да учествува и на Ролан Гарос, а тоа беше и единствениот гренслем досега каде што можеше да се настапи без вакцина според сегашните правила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…