Дома Фудбал Нов селектор на Бразил ќе биде човекот кој ги понижи?!

Нов селектор на Бразил ќе биде човекот кој ги понижи?!

По завршениот настап на Светското првенство, Бразил се раздели со селекторот Тите и се уште е во потрага по негов наследник.

Се споменуваа неколку имиња, а во меѓувреме Бразилците ќе ги води Рамон Менсез кој е селектор на селекцијата на „Кариоките“ до 20 години.

Тој ќе биде на клупата во пријателскиот натпревар против Мароко на 25-ти март. Сега германски „Билд“ тврди дека Јоаким Лев би можел да биде новиот селектор на Бразил.

Лев е без ангажман откако ја заврши соработката со германската репрезентација со кој во минатото на Бразилците им го приреди едно од најголемите понижувања во историјата победувајќи ги со 7:1 во полуфиналето на Светското првенство во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани против Малаго: Потврдена трката за врвот на италијанскиот фудбал

ФИГЦ ги прифати двете кандидатури за изборите на 14 декември. Малаго влегува со поддршка о…