Дома Фудбал Репрезентации Нов предизвик за женската репрезентација: Во Скопје гостува Австрија

Нов предизвик за женската репрезентација: Во Скопје гостува Австрија

Денес женската фудбалска репрезентација ќе игра нов натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство кое за две години ќе се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Избраничките на Кирил Изов после високиот пораз од апсолутниот фаворит Англија на гости во Саутемптон, дома ќе ја пречекаат Австрија. Австријките во претходното коло ја победија Летонија со 8:1 иако домаќинките први дојдоа до водство. На овој натпревар четири гола постигнаа во финишот.

Со Австрија бевме во иста квалификациска група на патот кон Европското првенство и тогаш двата натпревари ги изгубивме со по 3:0.

Пред дуелот со Англија, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова посочи дека токму против Австрија треба да ја бараме нашата шанса за бодови од овие два дуели.

“Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч“, изјави Андонова.

Натпреварот помеѓу Македонија и Австрија се игра од 18:00 часот на Арената „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Само Перишиќ во Серија А постигнал гол од пенал со двете нозе

Интер вчера го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А, Лацио бешѓе подобар од „нероаѕур…