Дома Македонски спорт Нов предизвик во тренажниот процес за Рико Вуков

Нов предизвик во тренажниот процес за Рико Вуков

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја стартуваше новата кампања со настап во Порше Карера куп Италија, при што освои респектабилни пласмани на 9 и 7 место во двете трки на патеката Мизано.

Вториот натпреварувачки викенд е цел месец подоцна, на 3 и 4 јули во Муџело, поради што одржувањето на формата и „апетитот за адреналин“ ќе бидат адресирани со нов предизвик.

– По пауза од 12 години повторно ќе возам на картинг трка, која е дел од Отвореното првенство на Србија. Се очекува конкуренција од 15 возачи, поради што очекувам таа да биде своевиден спектакл, пред се поради искуството на сите учесници. Јас зимово во своите подготовки го вклучив возењето со картинг и почувствував големи физички оптоварувања, што ми даде за право да верувам дека потегот е исправен и навистина добредојден за одржување на кондицијата. Трките во Порше  Карера куп Италија траат по 30 минути, но во нив постигнуваме брзини над 250 километри на час и големи гравитациски сили кои влијаат на перформансите. Дополнително, на првите квалификации имав и мал проблем со вишокот желба за наттркување, поради што сега тој „апетит“ планирам да го задоволам на овој начин, за на следната рунда во Муџело да бидам во формата што ја посакувам!

Трката во картинг ќе се вози на патеката во Јагодина, на која што Вуков оваа пролет веќе одржа неколку тренинзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Хуманоста секогаш победува: Лина Ѓорческа го продава својот победнички рекет за малиот Јаков!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се вклучи во акцијата за помош на малиот Јаков. Откак…