Дома Македонски спорт Мак ракомет Нов пораз на ракометарите: Македонија поразена од Словенија

Нов пораз на ракометарите: Македонија поразена од Словенија

Македонските ракометари загубија на гостувањето во Словенија, во претпоследниот тест меч пред ЕП со 33:28.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот Данило Брестовац одлучи најискусниот во нашата селекција, капитенот Кире Лазаров од клупа да го гледа поразот на своите репрезентативни колеги. 

Натпреварот почна со израмнета игра од двете страни. Се играше гол за гол, се до 18. минута кога Словенците успеаја да стигнат до плус четири. Разликата потоа се зголемуваше и на одмор се замина со резултат 19:12.

Во вториот дел шанса добија и играчите од клупата, во последните десетина минути се доближивме до пет разлика, но не успеавме да го однесеме мечот во неизвесна завршница, па на крајот загубивме со конечни 33:28.

Ова беше претпоследна проверка пред настапот на Европското првенство, а после мечот против Црна Гора селекторот ќе донесе конечна одлука за конечниот состав кој ќе патува на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…