Дома Македонски спорт Мак ракомет Нов пораз на Еурофарм со еден гол разлика – шести пат сезонава

Нов пораз на Еурофарм со еден гол разлика – шести пат сезонава

По шести пат сезонава Еурофарм изгуби со еден гол разлика, овој пат тоа се случи во СЕХА лигата против ППД Загреб со 26:27.

Денес иако изгуби со еден гол разлика Еурофарм не беше конкурентен како во други натпревар. Битолчани ниту еднаш не водеа во натпревар. На полувремето Загреб имаше предност од 12:16.

Во второто полувреме Еурофарм усепа да ја намали разликата и имаа повеќе шанси да изедначат. Сепак на крајот мораа да се помират со поразот.

Најефикасен кај Еурофарм беше Остроушко со седум гола, Гуќиќ постигна пет гола. Во редовите на Загреб Хорват постигна 10 гола од кои шест беа од пенал.

 За Еурофрам ова беше петти пораз во СЕХА лигата. Со овој натпревар завршија и натпреварите во Битола за оваа полусезона, на битолскиот тим му преостануваат уште натпревари на гости со Веспрем и Спартак Москва на 11. и 15 декември.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Голден Арт КЛ 7 се засили со две имиња, освојувачи на Лига на шампиони

ПН: Ракометниот клуб Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предиз…