Дома Трансфер зона Нов клуб е во игра за потписот на Кавани

Нов клуб е во игра за потписот на Кавани

Бразилскиот гигант Палмеирас сака во своите редови да го доведе Едисон Кавани, напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Иднината на 34-годишниот репрезентативец на Уругвај на „Олд Трафорд“ е неизвесна затоа што договорот му истекува на лето 2022 година. Палмеирас поради тоа веќе тргнал во акцдија да го обезбеди Кавани и да го врати во Јужна Америка.

Меѓутоа секако оваа приказна е далеку од завршена. Интерес за одличниот голгетер покажа и Бока, а се споменуваа и шпанските гиганти Реал и Барселона.

Кавани во Манчестер пристигна како слободен играч во текот на 2020 година. Одигра 47 натпревари за двократниот шампион на Европа и има учинок од 18 голови и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сака да го продаде Азар, но нема кој да го купи?

Изгледа дека Еден Азар ги брои последните денови во Реал Мадрид, но прашање е во кој смер …