Дома Фудбал Италија Нов договор за Бонучи – повратникот ќе остане во Јувентус до 2024

Нов договор за Бонучи – повратникот ќе остане во Јувентус до 2024

Јувентус му прости на Леонардо Бонучи за „предавството“ и трансферот во Милан, па после само една година се врати во Торино.

Бонучи и после враќањето покажа колку е важен за тимот на „бјанконерите“, па раководството реши да му понуди нов договор.

Бонучи оваа сезона во отсуство на Киелини е лидер на одбраната, па без него одбраната на „бјанконерите“ е просто незамислива.

32-годишниот Италијанец денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „старата дама“ до 2024 година.

Бонучи со новиот договор доби зголемување на актуелната плата, но точната висина не се обелоденува.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…