Дома Македонски спорт Мак баскет Нови тажни вести од кошарката: Почина Сашо Лазаров

Нови тажни вести од кошарката: Почина Сашо Лазаров

Денес македонската кошарка остана без уште едно познато име. Овој свет го напушти Сашо Лазаров, човекот кој беше синоним за спорт во Кочани.

Долги години „Чапо“ беше дел од тимот на Кочани Детликатес и тоа во најславните денови на овој клуб. Двапати беше финалист на македонската кошарка лига и тоа во сезоната 1993/1994 и 1994/1995.

Смртта го затекна Сашо Лазаров како основач и предводник на КК „Дино Баскет“, клубот кој во иднина ќе го води токму неговиот наследник – Дино.

Ова е втора трагедија во македонската кошарка во само неколку дена. Пред неколку дена беше објавено дека нè напушти уште една кошаркарска легенда, Бранко Кацарски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Eпилог од хаосот: Жестоки казни за Гостивар и Пелистер!

Вчерашниот натпревар помеѓу Гостивар и Пелистер траеше 200 минути поради прекинот и празне…