Дома Фудбал Новите дресови на Јунајтед се продаваат како „алва“, но клубот добива само мал процент

Новите дресови на Јунајтед се продаваат како „алва“, но клубот добива само мал процент

Враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед донесе голема еуфорија помеѓу фановите на овој клуб.

Легендарниот Португалец повторно ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“ и во клубот се враќа после 12 години во кои настапуваше за Реал Мадрид и Јувентус.

Манчестер Јунајтед се потруди Роналдо да добие посебна дозвола за промена на броевите затоа што веќе Кавани беше регистриран со „седмицата“, па така Португалецот ќе игра со омилениот број на дресот.

Од тој момент е формираа долги редици пред фан-шоповите навивачите чекаа да купат дрес од својот миленик. Меѓутоа мал процент од продажбата на дресовите оди за Манчестер Јунајтед.

Јунајтед добива 7% од сумата од продажбата на дресовите, еден дрес чини 60 фунти, а тоа значи дека клубот добива 4.20 фунти од дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија Арачиново бара излез од кризата против тимот што веќе го совлада

По четири првенствени средби без триумф, Шкендија Арачиново го пречекува Тиквеш во Чаир. К…