Дома Фудбал Италија Новиот договор спремен: Познато колку ќе заработува Икарди

Новиот договор спремен: Познато колку ќе заработува Икарди

Напаѓачот и капитен на Интер, Мауро Икарди веќе подолго време е во преговори со раководството за нов договор, а медиумите тврдат дека се договорени сите детали.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Калчомеркато“ пренесува дека Икарди наскоро ќе стави потпис на нов договор според кој годишно ќе заработува 8 милиони евра во миланскиот клуб.

Во договорот на Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, која ова лето неколку клубови беа спремни да ја платат. Поради тоа Интер брза да потпише нов договор со напаѓачот во кој ќе има повисока клаузула.

Икарди и оваа сезона е во фантастична форма и на 18 меча постигна 12 гола, а минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Серија А.

https://youtu.be/B9RMBHGRWt4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oткриени шокантни детали: Валверде го удрил и Модриќ, тој е опасен!

Реал Мадрид се соочува со неочекувана криза откако дојде до физички конфликт меѓу Чуамени …