Повеќе нема никаков сомнеж дека Жозе Мурињо наскоро ќе стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека сите детали се веќе договорени и „Специјалниот“ наскоро ќе се обврзе на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2021 година, со опција договорот да биде продолжен на уште една година.
Актуелниот договор на Португалецот истекува во 2019 година, а веќе неколку недели двете страни водат активни преговори за неговото продолжување. Во следните денови се очекува и официјализација на новиот договор.
Раководството на „црвените ѓаволи“ е задоволно од работата на Мурињо и во него гледа долгорочно решение на клупата, а според новиот договор Портуаглецот ќе заработува 15 милиони фунти по сезона.
José Mourinho’s new contract will run until 2021 and he’ll earn around £15m-a-year. (Source: SkySports) pic.twitter.com/DKMbwbqvVx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 16, 2018