Герет Бејл сосема сигурно на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Новинарот Нилс Керн тврди дека некој извор од клубот му потврдил дека Бејл на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид и дека сега е само прашање каде Велшанецот ќе заврши.
Деновите на Герет во Мадрид очигледо се одбројани, а со доаѓањето на Зидан стана јасно дека за него нема да има место кога оваа сезона ќе заврши.
Зидан не е обожавател на Бејл кој и на крајот на минатата сеозна беше пред заминување, но тогаш веројатно остана затоаш то Зидан си замина.
Оваа сезона Бејл нема некој добар учинок и не прикажува премногу. Се повеќе навивачи се незадоволни. Проблем може да биде тоа што Реал за него бара дури 130 милиони евра.
За Бејл се интересираа клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал, но прашање е дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати сумата која ја бара Реал.
„Кралевите“ припремаат вистинска револуција ова лето и во Мадрид се очекуваат големи промени.
Бејл во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од редовите на Тотенхем и со овој клуб освои четири титули во Лигата на шампионите, Ла Лига, Суперкуп на Шпанија, Копа Дел Реј, Суперкуп на Европа…