Дома Трансфер зона Новинарот на „Марка“ тврди: Роналдо прифати да се врати таму каде што започна и се работи на трансферот!

Новинарот на „Марка“ тврди: Роналдо прифати да се врати таму каде што започна и се работи на трансферот!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Кристијано Роналдо на крајот од преодниот рок би можел да го напушти Манчестер Јунајтед.

37-годишниот Португалец се поврзуваше со бројни клубови и сака да игра ов Лигата на шампионите. Неговиот агент, Жорге Мендеш прави се за да му пронајде нов клуб.

Според последните информации сагата околу Роналдо во наредните денови би можела да биде завршена. Шпанскиот новинар Хозе Феликс Диаз пренесува информација дека на големо се работи на трансферот на Роналдо во Спортинг.

„Изгледа дека доаѓа крајот на приказната на Роналдо во Манчестер. Португалецот одлучи дека најдобра опција е да се врати таму каде што започна – Спортинг. Работата не е лесна, но раководството на тимот од Лисабон и Жорге Мендеш на големо работат на овој трансфер“, тврди новинарот на „Марка“.

Спортинг на вчерашниот ждреб во Лигата на шампионите имаше среќа и избегна некоја претешка група, Португалците ќе играат во група со Ајнтрахт, Тотенхем и Марсеј. Денес беше објавено и дека Мендеш води преговори и со Наполи и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Белингам ги одбил Челзи и ПСЖ

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Англиската ѕвезда Џу…