Дома Фудбал Нова лоша вест за Анчелоти и Реал

Нова лоша вест за Анчелоти и Реал

Новото засилување на Реал Мадрид, Едуардио Камавинга заработил повреда на левата нога и тоа беше причината поради која беше заменет на полувремето против Еспаљол.

И покрај повредата Камавинга доби повик од француската репрезентација, каде ќе мине лекарски прегледи и ќе биде познат степенот на повредата.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал бара Французинот веднаш да се врати во Мадрид и да се рехабилитира во лекарскиот тим на „кралевите“.

Ова е уште една лоша вест за Анчелоти, кој поради повреда не може да смета на Менди, Марсело, Карвахал, Иско, Асенсио и Маријано.

Надежите на „кралевите“ се дека Камавинга ќе биде спремен за игра после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл испрати скаути во Полска: На радарот е 20-годишен лев бек

Јакуб Кжижановски од Висла Краков го привлече вниманието на Њукасл, но неговиот договор до…