Дома Трансфер зона Ни Сити, Ни Јувентус, „турскиот Дибала“ се сели во…

Ни Сити, Ни Јувентус, „турскиот Дибала“ се сели во…

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Рома е на чекор да донесе големо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преодниот рок не тргна добро по „волчицата“ која остана без Салах, Паредес и Рудигер, но инкасираше повеќе од 100 милиони евра.

Фановите се лути и бараат од спортскиот директор Мончи нови засилувања, а италијанските медиуми тврдат дека Рома сега ќе тргне во шопинг.

Дефанзицевот на Шалке, Матија Настасиќ е блиску до трансфер на „Олимпико“ за сума од 15 милиони евра, а сега се спомнува и младиот турски напаѓач Ченгиз Ундер.

Овој 19-годишен напаѓач на Башакшекир го нарекуваат уште и „турскиот Дибала“ и за него силен интерес покажуваат уште Јувентус и Манчестер Сити.

Сепак, последните информации од медиумите се дека „волчицата“ постигнала договор со турскиот клуб и за 13 милиони евра ќе го донесе Ченгиз Ундер на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…