Дома Топ вести Ни Кутињо, ни Гризман: Во Барса доаѓа нова ѕвезда во јануари

Ни Кутињо, ни Гризман: Во Барса доаѓа нова ѕвезда во јануари

0

Филипе Кутињо и Антоан Гризман беа најголеми кандидати за следното засилување на Барселона, но тешко е да се очекува дека некој од нив би можел да пристигна во јануари на „Камп Ноу“.

Сепак, како што јавуваат каталонските медиуми Барселона веќе договорила големо засилување за јануари, а станува збор за Месут Озил.

Германскиот репрезентативец не го продолжи договорот со Арсенал кој му истекува на лето, па беше сигурно дека ќе го напушти „Емирати“.

Каталонските медиуми тврдат дека Барса веќе го договорила трансферот и Озил ќе пристигне на „Камп Ноу“ во јануари. Наводно Каталонците за неговиот потпис ќе платат 20 милиони евра, а Германецот ќе потпише 3 и пол годишен договор.

Одлична вест е и тоа дека Озил ќе може да игра во Лигата на шампиони за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Љајиќ и Михајловиќ во конфликт, Сари и Наполи ја користат ситуацијата?

Maурицио Сари го сака фудбалерот на Торино и репрезентативецот на Србија. Изненадувачки Ад…